Силен земјотрес и цунами во Јапонија

 

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).

Според полицијата, засега нема повредени. Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри.

Според податоците на ЈМА, цунами високо 50 сантиметри е забележано на островот Хачијо, на околу 180 километри северно од епицентарот на земјотресот, а цунами високо 10 сантиметри е забележано и на островот Мијаке.

JMA потврди дека набрзо по земјотресот било издадено предупредување за цунами за островите Изу и Огасавара, кое било укинато откако било утврдено дека активноста на цунамито доволно стивнала, но се уште е во сила предупредување дека мала промена на нивото на морето може да продолжи околу половина ден.

ЈМА најави цунами бранови до еден метар и ги повика граѓаните да се држат подалеку од крајбрежните области. 

24.09.2024 - 08:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега