Нова закана за животот на Фицо - премиерот добил писмо со куршум
Словачкиот премиер Роберт Фицо повторно е мета на закана. Денеска во словачката влада пристигна писмо со куршум адресирано до него.
Според првичните информации, сомнителниот плик бил подложен на рендгенска проверка, при што бил откриен куршумот. Идентитетот на испраќачот засега е непознат.
Полицијата во Братислава го потврди случајот и веднаш започна интензивна истрага. Ова е втор инцидент со закана за животот на Фицо во последните месеци. Премиерот во мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.
25.09.2024 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа