Охрид: За влакно избегната трагедија поради еден несовесен возач
На 24.09.2024 во 13:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, З.Ц.60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа