Загаденоста во Скопје пред пратениците

Пратениците и денеска со полни раце работа. Собранието во рамки на денешната работа по дневниот ред на 80. седница ќе ја продолжи расправата по Информацијата за загадувањето во Скопје, поднесена од пратениците од опозицијата.

На седницата ќе бидат разгледани и Предлог законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за соработка во здравството помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар, како и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, како и пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, и на Царинскиот закон, сите во второ читање.

На дневен ред  се и измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, како и Предлог законот за финансиска дисциплина, трите во второ читање.

На седницата се и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, на Законот за спортот, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за извршување, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за културата, и на Законот за употребата на македонскиот јазик, сите во второ читање.

24.12.2013 - 08:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега