Трајанов: САД можат да извршат притисок врз новата влада во Бугарија

Ниту знаат што е држава, ниту знаат како да ги заштитат националните државни интереси, изјавил Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз за поранешната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, во која и самиот еден период беше дел од неа.

Тој емисијата „Дејли клик“ за францускиот предлог, од кој произлезе Преговарачката рамка со ЕУ, рекол дека решението го гледа во стратешките партнери на државата.

„Излезот од таква ситуација е да се разговара, да се добие поддршка од САД. Можат да извршат притисок врз новата Влада во Бугарија и да отворат некои прашања, ако ништо друго. Јазикот да биде официјален по прифаќањето, идентитетските прашања да имаат заклучок во Советот на ЕУ дека не можат да бидат основа за блокирање и трето да започне процесот на спроведување на одлуките на Судот во Стразбур за правата на Македонците“, изјавил Трајанов.

Трајанов вели дека СДСМ сакал да има монопол во преговарачкиот процес додека ја предводела Владата и додаде дека најголемата грешка е што ВМРО-ДПМНЕ не била вклучена во тој процес.

„Доколку навистина се отвореа преговорите, ќе добиеја голема поддршка. Мислам дека од теснопартиски интереси без да се земат предвид стратешките и државните интереси, отидоа во Собранието со надглас да ја прифатат Преговарачката рамка. Тоа е основата зошто сега процесот не мрда, ништо друго“, порачал екс-пратеникот, а сегашен координатор во Владата Трајанов.

За идејата за уставни измени, Трајанов оценува дека во моментов нема соодветна клима тоа да помине.

30.09.2024 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега