Меџити за Алсат М: Борбата против коцкањето е врвен приоритет на оваа власт

 

Во информативното издание на Алсат М, првиот вицепремиер Изет Меџити го повтори ставот на коалицијата ВЛЕН дека меѓу главните приоритети на оваа влада е борбата против коцкањето.

„Ние останавме доследни на нашата кампања, а еден од нашите приоритети беше борбата против коцкањето. Минатата недела со првата одлука на Владата првично беше раскинат договорот за закуп меѓу Лотарија и зградата на поранешниот ресторан „Фестина“ во Визбег. Потоа се укинаа концесиите кои незаконски беа дадени за онлајн казина и третата одлука е борба против организацијата на црното коцкање“, рече Меџити.

30.09.2024 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега