Драма во Скопје: Се скарале за паркинг место, па го прегазил со тојотата

Синоќа во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје.

Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

01.10.2024 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега