Фармери од Македонија во посета на Албанија

 

Петнаесет фармери од земјава во организација на Федерација на фармери на Република Македонија престојуваат во студиска посета во Република Албанија при што со тамошните фармери ќе разменат искуства и ќе разговараат за заедничките проблеми и предизвици кои ги имаат во земјоделството, како и развој на земјоделството во регионот како значајна стопанска гранка.

Студискиот престој е организиран во рамките на проектот  „Почувствувај го здравиот рурален живот“ финансиран од  ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија и е имплементиран од страна на Федерацијата на фармерите на РМ и Албанскиот земјоделски совет.

Целта на проектот е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони (Полог, Пелагонија, Елбасан и Дибра) преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување тренинг центар село Вруток, Гостивар, едукација за рурален развој, брендирање на производи, промоција на традиционалната храна и руралниот туризам.

 

24.12.2013 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега