Бидете внимателни: Тинејџер со два ножа си се шетал среде скопски Центар

Малолетник по полноќ бил уапсен од полицијата на подрачјето на Центар. 

- Денеска во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа, известија од полицијата.


 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

04.10.2024 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега