Македонец уапсен во Косово: Со трактор пробал нелегално да премине граница

Единица на косовската гранична полиција вчера пресретнала три лица кои со трактор се обидувале нелегално да ја преминат границата од Косово кон Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на полицијата се вели дека, во обид да бидат спречени во намертата, еден од осомничените се обидел да ги нападне полицајците.

Едно од лицата е уапсено, додека другите двајца избегале.

- Пријавено е дека полициската единица додека патролирала на граничната линија наишла на трактор со тројца осомничени кои се обидувале да ја преминат границата од Косово кон Северна Македонија. Еден од осомничените се обидел да ги нападне полицајците. Во врска со случајот, уапсен е осомничен маж, државјанин на Северна Македонија, додека другите двајца избегале од местото на настанот. Од пријавениот е одземен остар предмет (нож) кој бил употребен во случајот. Со решение на обвинителството, осомничениот по извршениот разговор е приведен, се вели во извештајот на полицијата.

04.10.2024 - 21:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега