(ВИДЕО) Левица: Старото кино во Велес стана депонија - виновен е Колев

 

Поради негрижата на локалните власти, зградата во центарот на Велес (поранешното Кино "11 октомври") е претворена во депонија и дувло на зараза кое е опасно по здравјето на граѓаните, особено на тие неколку кои користат простории во оваа зграда, реагираат утрвово од Левица преку писмено соопштение испратено до медиумите. За ова го обвинија првиот човек на Велес, Марко Колев.

„Има голем број на простории и сала кои се руинирани, а од кои општината и граѓаните би имале придобивки, доколку се оплемени просторот и се трансформира во корисен објект.

Според Статутот на Општина Велес, градоначалникот е должен да го заштитува и да се грижи за општинскиот имот, но за жал за овој објект никој не води грижа со години наназад. На ова место, според програмата на ДПМНЕ требаше да има развоен истражувачки бизнис центар за млади, но за жал денес освен рушевини, нема ништо друго.

Левица алармира до градоначалникот од редовите на ДПМНЕ Марко Колев посериозно да ги сфати своите предизборни ветувања дадени пред велешани и да иницира активности со цел заштита и пренамена на овој објект во центарот на градот“, велат од Левица.

09.10.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега