Ахмети им го честита Божик на католичките верници

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети лично и во име на партијата им го честита Божик на католичките верници, посакувајќи им  здравје и благосостојба.

- Токму верските празници ни овозможуваат да се запознаеме подобро помеѓу себе, да се зближиме еден со друг, но и ни овозможуваат да ги изразиме нашите најдобри човечки вредности. Се надевам дека оваа година, овој празник ќе придонесе за поголема толерантост, меѓусебна почит и разбирање, но и за добро здравје и бериќет во вашите семејства, пишува лидерот на ДУИ Ахмети во честитката

24.12.2013 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега