Потпишан меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската комора и Југоисточниот плански регион

 

Денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Макеоднско-бугарската стопанска комора со Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Регионален бизнис центар“.

- Со меморандумот се отвора еден видик за побрз проток на европскиот капитал до локалните самоуправи и до еден профит кај бизнисмените. Ова е само еден дополнителен мотив за запознавање на бизнис заедницата со авторитетите на локалната власт, изјави Зоре Темелковски, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора.

Според претседателот на Советот на Југоисточниот плански регион, Ванчо Стојанов, ова значи чекор напред во однос на соработката и унапредувањето на економскиот развој во регионот, како и на соработката меѓу малите и средни претпријатија од Македонија и Бугарија.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов рече дека меморандумот ќе овозможи полесен пристап и достапност на македонските стопанственици до информации и до поддршка во развојот на нивните бизниси.

Покрај потпишувањето на меморандумот денеска е извршена промоција на проектот „Регионален бизнис центар“, кој претходно беше формиран од општина Гевгелија во локални рамки.

24.12.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега