Серија апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 17 лица
Вчера и денеска полицијата апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се 17 лица.
Вчера во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава.
Вчера во 11.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Р.Ѓ.(54) од Гостивар поради основано сомнение дека во периодот од 11.10. до 15.10.2024 извршил кражба од викенд куќа, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.30 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.П.(43) и К.П.(37), двајцата од Штип. При преглед во возилото „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Љ.П., а сопатничка била К.П., кај Љ.П. и во возилото биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и боев куршум. За настанот бил запознаен јавен обвинител и Љ.П. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 16.50 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле С.И.(40) од с.Добридол, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „организирање игри на среќа без соодветна лиценца од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа и забавни игри. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Денеска во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.С.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска околу 00.40 часот на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.К.(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 10.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Е.С.(43) од Прилеп затоа што кај неа биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против Е.С. ќе следува соодветна пријава.
Денеска во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа