Шпанија: Очув силувал девојче, додека мајка и била на работа

 

Неверојатен случај на злоупотреба на деца се случил на шпанскиот остров Мајорка.

Според локалните медиуми, очувот (35) го силувал девојчето (10). Злосторството станало јавно откако девојчето се пожалило на болки во стомакот, по што нејзината мајка ја однела во болница.

Лекарите констатирале дека девојчето е бремено, а биле констатирани и повреди кои укажуваат на тоа дека било малтретирано. За случајот лекарите веднаш ја известиле полицијата.

Нејзиниот очув набрзо бил уапсен и обвинет за силување и е во притвор.


 

Според првичните информации, мажот неколку пати го силувал девојчето, го малтретирал додека нејзината мајка била на работа, а он со него останувал сам дома.


Случајот ја шокираше јавноста, а истрагата продолжува.

17.10.2024 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа