Орбан предупредува: Планот на Зеленски за победа води кон Трета светска војна

 


Унгарија не го поддржува „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи тоа е најкраткиот пат до Третата светска војна, изјави денеска Балаж Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој на Фејсбук напиша дека планот подразбира ескалација на конфликтот и вклучување на земјите од НАТО во него, што Унгарија не го прифаќа, бидејќи смета дека ЕУ треба да ја промени својата стратегија во мирна.

 

Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека планот на Зеленски го „ежи“, дека ЕУ треба да ја промени својата стратегија и да започне мирно решавање на конфликтот во Украина.

Зеленски во средата го претстави „Планот за победа“ пред украинскиот парламент, а вчера и пред Европскиот совет.

Документот содржи пет точки и три тајни анекси.

Првата точка подразбира покана на Украина во НАТО со последователно членство, втората – укинување на ограничувањата за напади со оружје со долг дострел на руска територија, третата – распоредување во Украина „сеопфатен ненуклеарен пакет за одвраќање“ на Русија.

Зеленски нагласи дека спроведувањето на планот „зависи од партнерите“.

18.10.2024 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега