Градоначалникот Талески стана рамноправен член во Европската Бизнис Асамблеја

Градоначалникот Владимир Талески беше избран за рамноправен член Европската Бизнис Асамблеја во Оксфорд. Ваквото признание доаѓа по неодамнешната промоција на општината Битола  Талески како најдобар менаџер во 2013 според критериумите на ЕБА-Оксфорд. 

Талески во иднина рамноправно ќе одлучува заедно со останатите членови на Асамблејата, а во 2014 година и директно ќе учествува на Самит за инвестиции што ќе се одржи во Лондон.

- Оваа одлука на Европската Бизнис Асамблеја е придобивка со која Битола ќе се издигне високо на мапата на европски и светски градови. Со одлуката на ЕБА-Оксфорд сега сме во позиција и да одлучуваме и тоа е дополнителна потврда за нашите вредности, истакна градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Високите британски признанија претставуваат заокружување на активностите и сработеното во 2013 година, посочи градоначалникот Владимир Талески на денешната традиционална предновогодишна јавна презентација на локалната самоуправа за реализираното во тековната година.

- И, во новата 2014 година наш стратешки проект ќе биде индустриската зона „Жабени“ во која создаваме услови за инвестиции и решавање на проблемот со невработеноста. Наскоро ќе почне изградбата на нова млекарница, фабрика за производство на храна и хотел за кои се познати и инвеститорите. Паралелно ќе се реализира голем инфраструктурен зафат во населбата „Златен рид“ со што ќе се интезивираат градежните активности во поранешната битолска касарна, истакна Талески.

Во јавниот отчет за 2013 година градоначалникот Талески како посебно вредни ги оцени проектите кои се во завршна фаза односно Домот за стари лица „Сју Рајдер“, реконструираниот градски пазар, почетокот на зонското паркирање и изградбата на новиот мост на реката Драгор кај месноста „Црн Мост“ кој освен што е асфалтиран и осветлен наскоро ќе биде партерно уреден и со заштитни огради, најави Талески на денешната прес конференција во овој град.

24.12.2013 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега