Проверете дали утре ќе останете без вода

Поради дефект на водоводна цевка од ф-80 милиметри жителите од улицата „Аминта Трети“ утре од 11 часот до отстранување на дефектот ќе останат без водоснабдување, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без вода ќе останат и дел од корисниците од улиците „Димитрие Туцовиќ“, „Илинденска“, „Крсто Баиќ“, „Благоја Страчков“, „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, „Пајак“, „8 – ми Март“, објектот на ТВ Сител и сите објекти во Градскиот Парк. 

24.12.2013 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега