Утре ќе се разбудиме на - 7 степени

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на утринска магла долж Повардарието и по котлините. Во текот на денот маглата ќе ослаби и ќе дува слаб повремено умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а попладне маглата повремено ќе биде послаба и ќе преовладува облачно време. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до два степени.

Зголемената облачност и врнежите во четврток и во петок заедно со поинтензивно струење на воздухот ќе влијаат особено на минималните температури во следните денови, па веќе во петок и сабота минималните температури насекаде ќе бидат позитивни. 

24.12.2013 - 16:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега