Германија: Пица со доза кокаин најбарана од гостите

 

Германската полиција разоткри пицерија во Диселдорф која служела пица со доза на кокаин. За да ја добијат, муштериите требало да ја нарачаат пицата број 40 во менито.

„Тоа беше една од најпродаваните пици“, изјави директорот на полицијата Михаел Граф Фон Молтке. Тој кажа дека полицијата првпат добила дојава за ова од сомничави инспектори за храна во март.

Кога полицајците од одделот за дрога почнале да ја набљудуваат пицеријата, тие откриле дека пицата со број 40 е особено популарна, сепак, не е објавено колку чинела пицата со кокаин.

22.10.2024 - 18:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега