Чешка: Доктор ја заклал својата колешка со секира

 

Млада докторка Михаела (29) била убиена со секира во нејзиниот стан во Пилсен, а за нападот е осомничен 40-годишен лекар, шеф на Одделот за интерна медицина на окружната болница.

Претходно, напаѓачот силувал друга жена во Трмошна, ја врзал и се обидел да ја убие, но за среќа таа преживеала и веднаш ја алармирала полицијата.

Од Трмошна докторот отишол во Пилсен, каде упаднал во станот на Михаела и брутално ја убил. После убиството, се обидел да си ги пресече вените, но не успеал.

Неверојатно е што никој од соседите не слушнале што се случувало во станот каде сѐ било мирно и тивко.

„Знаевме дека нешто се случува кога нѐ повика полицијата. Ни кажаа дека бараат некого. Немавме поим што се случува. За тоа дознавме од медиумите”, велат соседите на Михаела.

„Ужасно е, јас и мојата сопруга сме страшно потресени иако не ја познававме лично докторката. Знам дека станарите овде често се менуваат. Таа живееше под нашиот стан”, додале тие.

Според првичните информации, уапсен е 40-годишниот началник на Одделот за интерна медицина на окружната болница.

Како што пишуваат чешки медиуми, претходното, прво злосторство се случило во саботата вечерта.

„Човекот е осомничен за тешки кривични дела убиство и обид за убиство. Засега нема дополнителни информации за настаните“, изјави портпаролката на полицијата Павла Бурешова за интернет порталот plzenski.denik.

22.10.2024 - 19:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега