ВМРО-ДПМНЕ: И денес сме исправени пред предизвици на кои одговараме водени од идеите на македонските револуционери

 

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Според партијата, земјава со гордост се сеќава на македонските револуционери кои храбро и истрајно се бореле за македонска државност.

Како што оценува ВМРО-ДПМНЕ, „и денес сме исправени пред предизвици на кои одговараме водени од идеите на македонските револуционери“.

-Денеска 23 Октомври е ден кога со гордост се сеќаваме на македонските револуционери кои храбро и истрајно се бореле за македонска државност. Нивната водилка била македонска државност, идеја за правда и слобода. Инспирирани од ова, генерации се вклучиле во долгата борба за македонска државност, слобода и достоинствен живот во слободна македонска република во која ќе има место за сите без разлика на јазик, вера, нација. Нивната визија ги поврза Илинден 1903, АСНОМ 1944 и на 8 Септември се реализираше независна Македонија, наведува партијата.

Нагласува и дека без македонските револуционери, нивните прогресивни идеи и желба за македонска државност, незамислив ќе беше идеалот за македонска државност.

23.10.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега