Водачот на „Барон“ осомничен дека неодамна пукаше во Чаир со помилувањето ќе излезе на слобода
Осомничен за пукањето во скопско Чаир пред десетина дена во кое едно лице, припадник на кланот Грчец беше тешко рането, Акиф Равмановски се најде прв на списокот за помилување со одлуката на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, објави „Фокус“.
Неговите иницијали А.Р. Се совпаѓаат и со тие на затвореникот кој бил излезен од „Идризово“ поради работен ангажман.
-Утврдени се сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман. Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град”, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка, соопшти МВР.
Како што пишува порталот „Фокус“, Акиф Равманоски всушност во скопското подземје е познат под прекарот Јусуф Акифи и е водач на групата „Барон“ која последните неколку години е активна во скопското подземје.
Со одлуката на претседателката, неговата затворска казна од година и три месеци, за нелегално поседување на оружје, се заменува со условна казна доколку во наредните три не стори кривично дело.
Засега нема никакви официјални информации од институциите зошто Акифи е пуштен од затвор иако треба да помине соодветни филтри пред да биде донесена од страна на претседателот.
-Аќифи инаку е сопственик на кафулето „Барон“ кое беше запалено во февруари и на социјалните мрежи имаше објавено фотографии со со водачот на „Беланоца“, Фатљум Ајети – Тоте кој исто така беше во „Идризово“ на издржување на затворска казна, а сега казната затвор ја издржува во Куманово. На списокот на помилувани се најде и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки „Версаче“, кој беше уапсен во 2019 година во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Овие двајца му се братучеди на Тоте од „Беланоца“, пишува Фокус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа