Невиден хорор во Германија: Романец го заѕидал телото на партнерката во станот

 


Во еден од најшокантните случаи во Германија во последниве години, 47-годишен Романец е осомничен дека ја убил својата партнерка и го заѕидал нејзиното тело во станот во Штутгарт.

Полицијата дошла до ова мрачно откритие по пријавата за исчезнување на жената, која била поднесена од нејзините роднини уште во октомври. Поради сомнителното однесување на партнерот, истражителите одлучиле да го претресат неговиот стан. При претресот, во еден од ѕидовите го пронашле безживотното тело на жената.

Осомничениот е уапсен и изведен пред судија, кој му одредил притвор.

24.10.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега