Мештаните се кријат во своите домови - покрај градоначалникот во Австријазагина уште едно лице, можна е еи трета жртва

 


Утрово во Милвиертел, во Горна Австрија, е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер. Набргу потоа беше пронајдено уште едно тело, а медиумите ја објавија можноста за трета жртва, што полицијата се уште не ја потврдува.

Во истиот кварт е пронајдена и втората жртва.

Според првите информации, се претпоставува дека градоначалникот е убиен во Алтенфелден, општина која граничи со Кирхберг об дер Донау. Се вели дека осомничениот напаѓач, кој моментално е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка.

Во тек е опсежна потрага во која се вклучени специјалните сили, вклучувајќи ја и екипата Кобра. Пошироката област е опколена, а на местото на инцидентот се ангажирани сите служби за итна помош. Мотивот за злосторството се уште не е познат, но според весникот Die Presse, можно е спор околу ловот да е причина за овој трагичен настан.

На терен се присутни бројни полициски сили.

28.10.2024 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега