Мицкоски: Автопатот Прилеп-Битола очекувам до 2027 година да биде завршен
Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за да ова овдека се заврши, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Така што уште еднаш ја користам оваа прилика од мое лично име да се заблагодарам на сите учесници во овој проект. Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈПДП, на директорот, на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, да се заблагодарам на сите градоначалници од овој регион, на пратениците коишто ја подржуваат работата на компанијата, на нејзината екселенција амбасадорката Агелер, на вработените во Бехтел и Енка, на Џош којшто континуирано не информира и работи заедно со нас во прогресот на овој проект, на сите вработени во Владата, во министерствата, во институциите коишто помагаат несебично да овој процес еве го доживее ова што денеска ние можеме свечено да го отпочнеме, а тоа е конечно да почнеме на терен да го реализираме тоа што го плаќаат граѓаните преку буџетот“, додаде Мицксоки.
02.11.2024 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа