Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во критична состојба
Состојбата на тројцата повредени при уривањето на настрешницата во Нови Сад во Србија се уште е многу тешка, лекарите се борат за нивниот живот, соопшти в.д. директорката на Клиничкиот центар во Војводина, Весна Туркулов, јавува Анадолија.
Ангажиран е тим од психолози и психијатри кои работат со семејствата на повредените.
Три лица кои беа повредени при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во критична состојба опасна по живот, објави јавниот ТВ сервис на Србија.
„Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана, се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае“, рече Туркулов.
Таа додаде дека е вклучен и тим од психолози и психијатри, кој работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.
На повикот за доброволно дарување крв се одзваа голем број луѓе. За кратко време беа собрани 1000 единици крв, а 600 млади за прв пат даруваа крв.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа