Државниот секретар на Аризона: Изборите течат мирно - имаме рекорд на предвремена излезност

 

Државниот секретар на Аризона, Адријан Фонтес, денеска изјави дека изборите во неговата држава изгледа „течат мазно колку што може“, иако Си-Ен-Ен пренесува дека има некои проблеми во округот Апачи.

Тој не можеше конкретно да потврди за случувањата во овој округ, по тамошните најави на социјалните мрежи дека некои гласачки машини се исклучени, а некои гласачи се одбиени.

„Ова не е првпат округот Апачи да има проблеми со гласањето на денот на изборите, но ова е најлошото што некогаш сме го виделе“, изјавила за Си-Ен-Ен, Кетрин Белзовски, помошник-јавен обвинител на Одделот за правда на Навахо нацијата.

Фонтес, сепак, ги советуваше гласачите да останат во избирачкиот центар доколку има проблем и да чекаат тој да се реши.

Тој објави дека има само два помали проблеми со местата за гласање - еден во кој некој заборавил клуч за локација на округот Марикопа и друга локација во округот Мохаве која накратко ја изгубила струјата - но дека сите локации биле отворени и работат до 6:20 часот по локално време.

Фонтес рече дека бројките за предвремено гласање низ државата сè уште се собираат и тој ќе обезбеди ажурирање за проценките подоцна денеска, но има рекордна предвремена излезност на гласање во Аризона - поголема отколку на изборите во 2020 година.

05.11.2024 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега