Град Скопје: Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот

 


Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, велат од град Скопје, откако претходно претседателот на Советот на Град Скопје одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.

„Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците“, велат од град Скопје и додаваат:

„До овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници а свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот Трајко Славевски. Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје“.

06.11.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега