Од утре облаци, дожд и магла

Метеоролозите и денеска прогнозираат магла и смог во котлините до попладневните часови. Од таму известуваат дека во наредните два дена не очекува зголемена облачност и врнежи и поинтезивно струење на воздухот. Во петок и сабота се очекува драстично намалување на температурите под нулата.  
 
Заклучоците за информацијата за загадувањето на воздухот во Скопје која ја поднесоа пратениците на опозицијата вчера не беа изгласани во Собранието.
Координаторите на пратеничките групи не успеаја да ги усогласат ставовите во врска со заклучоците со министерот за животна средина Абдулаќим Адеми, како што предложи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.
По завршувањето на собраниската седница, од владата соопштија дека до петок продолжува важењето на мерките за ослободување од работни обврски за бремените жени, лицата болни со астма, поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното. Во петок се очекува Владата повторно да ги разгледа и преоцени мерките и препораките и да ги извести граѓаните.

 

25.12.2013 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега