И утрово маглата создава проблеми на скопскиот аеродром

И утрово маглата ги примора надлежните служби да ги откажат сите летови од и за Истанбул. Во текот на ноќта беа извдени само планираните полетувања и слетувања за и од Љубљана. 

Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива тековно, по влажни коловози.

Врнежи од слаб дожд има во југозападниот и источниот дел од државата. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Крак – Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

25.12.2013 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега