ФОТО: Гаф на навивачко знаме, погрешно напишано името Македонија

 

Црвена Звезда претрпе пораз од Барселона на домашен терен со резултат 2:5 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Ова е најтежок пораз за српскиот шампион сезонава, кој досега ги загуби сите натпревари во елитното натпреварување. Барселона поведе со голот на Иниго Мартинез, а Црвена Звезда израмни преку Силас. Сепак, гостите ги осигураа трите бода со двата гола на Роберт Левандовски и по еден на Рафиња и Фермин Лопез. Милсон успеа само да го намали поразот.

По натпреварот многу се зборува за случувањата на теренот, но и за тоа што се случуваше на трибините. Една од најсмешните приказни на вечерта и припаѓа на навивачите на Звезда од Македонија. Имено, група навивачи од македонскиот Радовиш се истакнаа со знамето што го донесоа на натпреварот.

Како што пишуваат повеќе медиуми од регионот, македонските навивачи на Звезда брзо станале предмет на потсмев, особено кај Гробари, навивачите на Партизан, поради грешката што им се случила на навивачкото знаме. На знамето наместо Македонија пишува Македоина. Ова, се разбира, резултираше со експресен потсмев во светот на навивачите.

07.11.2024 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега