Температурите денеска достигнаа до 20 степени - најтопло во Скопје

 

Максиманлните температури денеска беа 9 Крушево, Попова Шапка, 12 Маврови Анови, 13 Лазарополе, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Виница, 16 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Берово, 17 Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 18 Демир Капија, 19 Гевгелија, 20 Скопје-Петровец.

Времето утринава имаше зголеммена ниска облачност на југоистокот на земјата во регионот на Гевгелија кон Дојран, Во поголем дел од котлините бече магливо. Преку денот беше сончево, а дуваше најчесто слаб северозападен ветер.

Времето до крајот на денот ќе се задржи ведро и доста тивко.

Времето утре наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.

 

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со
мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а
максималната ќе достигне до 17 степени.

07.11.2024 - 20:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега