СДСМ: Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски
Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд.
Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски.
Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика.
Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле испрацни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди.
Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Страрегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.
08.11.2024 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа