Шестмина повредени во сообраќајки во последните 24 часа

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди на коишто сообраќајната полиција изврши увид, но ниту една со потешки последици.

Од вкупниот број, осум се со последица материјална штета и шест се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца пешаци, тројца сопатници и еден велосипедист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 10 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на пешачките премини во зона на крстосница, како и девет возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта.

Специјалното возило „пајак“ отстранила 37 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Преземени се мерки и за шестмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и деветмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци и во подрачното основно училиште село Страчинци, каде ќе се одржи предавање со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најави за вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и согласно постоечката регулатива. 

25.12.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега