Со когенеративни централи за производство струја на гас Владата планира да го намали аерозагадувањето
Владата има план како до 60% да го подобри амбиенталниот воздух. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ова проблемот со загадувањето не се решава преку ноќ, и потребно е повеќе време.
-Бидејќи ништо не е направено, ние сме сега во потрага по партнери коишто на основа на пазарни услови, а не на привилегирани како што имаше стратешки инвестиции во минатото заеднички со Владата ќе вложат во систем на затоплување на нашите домови којшто ќе биде резултат на согорување на природен гас, односно когенеративни централи коишто ќе произведуваат и електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60-ина проценти кога ќе ја добие оваа целосната апликација од 100 проценти, барем за 60-ина проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме. Да предупредам, тоа нема да биде денеска, следната недела ќе биде исчистен воздухот. Можеби за 3-4 години од денес, бидејќи досега ништо не е направено. Но, да – ова е единствениот начин како веднаш да реагираме и да направиме нешто со кое што ќе успееме да го подобриме квалитетот на воздухот. Нема друг начин. Магија не постои, чудо не постои, вели Мицкоски.
Според него, доколку денеска почне да се работи, резултатите ќе се видат дури за три-четири години отсега. Вели, за жал, изминатите седум години (тогашната власт) ништо не направи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа