Мајката на кумашинот на Александар и Палевски биле роднини но и деловни партнери
Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.
- Порано комуницирав повеќе, последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме, рече таа.
Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.
Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки.
Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.
- Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа.
Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.
- Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.
Дополни дека потоа се распрашале за Панче и преку пријатели од Велес обезбедиле снимки од кои се гледа каде се упатиле возилата.
Прашана дали се познава со Палевски, рече дека го познава откако се оженил со братучетка ѝ и дека не само што и е зет туку и деловен партнер.
Прашана дали верува дека Палчо би ја убил Вања, одговори не, особено, како што рече „не за пари“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа