ВМРО-ДПМНЕ: Партизација со потпис на СДС

 

СДС не правеше ништо за граѓаните и државата, единствен приоритет и беше партизација на државните институции, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

-На партизацијата на државните институции потпис стави, СДС. Не така одамна сите се сеќаваме на партиската турканица за во Агенцијата за електронски комуникации. Настана дури и кавга меѓу коалициските партнери СДС и ДУИ кој да го фати возот за членство во АЕК. Место во АЕК во таа турканица си обезбеди другарот на докажаниот сдсмовец Стефан Богоев, Владимир Станивуковиќ. Заврши времето кога СДС аздисуваше насекаде, ВМРО-ДПМНЕ стана крај на штетните политики за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

16.11.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега