СДСМ: Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
„Не само што владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ не презема никакви конкретни чекори за намалување на загадувањето на воздухот, туку и го намалува буџетот за клучни области како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот“, велат од СДСМ.
„Во предложениот Буџет за 2025 година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, нема ништо предвидено.
Ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет.
За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.
Со ова, власта на ДПМНЕ покажува дека не само што нема стратегија за борба против загадувањето, туку и нема волја да го подобри квалитетот на воздухот.
Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат“, се додава во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа