Мицкоски: Вчера и се јавив на Шеќеринска
Премиерот Мицкоски вчера и се јавил на Радмила Шеќеринска за да и го честита изборот за заменик Генерален секретар на НАТО
Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата воопшто немала дилема дали да ја поддржи Шеќеринска имајќи предвид дека била единствен македонски кандидат и во такви услови, како што рече се решиле активно да помогнат во нејзината кандидатура.
Премиерот вели дека во повеќе наврати повикувал на единство и дека вистинско лицемерие би било човекот кој повикува на единство да не даде поддршка за македонски кандидат само поради тоа што доаѓа од друга политичка партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа