Пожарникарите спречија експлозија на плинска боца во Велес
Во Територијалната Противпожарна Единица Велес, вчера попладне во 15:56 часот била примена дојава за запалена плинска боца во село Отовица.
- Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и 3 пожарникари спасители. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција на пожарникарите не е дозволено боцата да експлодира и направи поголема штета, информираа денеска од ТППЕ Велес.
Воедно апелираат до населението доколку забележат пожар, веднаш да се јават и да пријават на бесплатниот телефонски број 193 или 112.
20.11.2024 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа