Околу 30% од газдите не ги почитуваат препораките за заштита од загадениот воздух

 

Околу 30 проценти од работодавачите не ги почитуваат препораките за заштита од загадениот воздух. Направените 249 надзори, од кои 180 редовни и 69 контролни, покажале дека препораката се почитува од 174 работодавачи, додека пак кај 75 не се почитува и донесени се решенија за забрана за извршување на дејност во определен временски период.

- Препораките се за бремените жени и старите лица над 60 години. Оние кои имаат проблеми со здравјето, срцеви проблеми и астма со лекарско мислење од матичен лекар имаат право да ги користат. Доколку работодавачот не дозволи да бидат ослободени од работа во тој случај треба да пријават до Државниот инспекторат за труд со цел инспекторите да преземат мерки односно да го задолжат работодавачот да постапува или пак да изречат забрана и друга парична казна, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ја искористи можноста да упати апел сите граѓани кои спаѓаат во овие категории, а одреден работодавач не ги ослободи од работа во градовите за коишто важат препораките, да го известат Државниот инспекторат за труд со цел инспекторите да превземат мерки, бидејќи, како што рече, само на тој начин реално може да се добијат информации од страна на вработените

25.12.2013 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега