Украина моли за помош: Дајте ни одбрана за новата руска ракета

 

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха побара од партнерите на Украина да обезбедат напредни системи за противвоздушна одбрана кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел, како што е рускиот систем „Орешник“. Тој ја обвини Русија за користење на ракети како „Орешник“ за уцена, истакнувајќи дека претседателот Путин се обидува да ги заплаши земјите кои ја поддржуваат Украина.

Сибиха апелираше до сојузниците на Украина да ја зголемат воената помош и да ја засилат противвоздушната одбрана на неговата земја, особено со системи кои можат да ги пресретнат овие ракети.

Руските сили на 21 ноември истрелаа ракета „Орешник“ врз Дњепар како одговор на наводната употреба на американски и британски ракети со долг дострел од страна на Украина врз цели на руска територија.

25.11.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега