Шокантен момент: Полициски автомобил удри во лимузината на премиерот на Нов Зеланд
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.
28.11.2024 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа