Пукање во Чаир, повеќе лица повредени - едно итно пренесено во болница

 


Попладнево во близина на Стадион Чаир имало пукање, пренесе ТВ21.

Според информациите на ТВ21, има повеќе повредени лица од кои едно е итно пренесен во Kлиниката „Св. Наум Охридски“.

„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Скопје за ТВ21.

02.12.2024 - 19:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега