Герасимовски за проблематичниот ученик: ДПИ, МОН и засегнатите училишта итно да седнат на маса и да најдат решение
Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот со ученикот кој бил префрлен од ООУ „Лазо Ангеловски“ без претходно известување дека станува збор за дете со проблематично однесување.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите релевантни институции – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и засегнатите училишта – итно да седнат на заедничка маса и да најдат одржливо решение.
„Се работи за исклучително чувствителна ситуација. Детето, како ученик во трето одделение, не смее да биде лишено од своето право на образование, но истовремено мора строго да се почитуваат процедурите за преместување во друго училиште, што во овој случај не било направено“, изјави Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа