Турска компанија ќе инвестира во Македонија - отварање на 100 нови работни места

 

Турската компанија „Месан" која е лидер за производство на дискови за сопирачки, се одлучи да инвестира во Македонија. Се работи за инвестиција вредна 5 милиони евра која ќе овозможи нови 100 вработувања. 

Инвестицијата денеска ја најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида: - Се работи за компанијата Менсан  која што е лидер во нивниот сектор во Република Турција. Оваа инвестиција беше иницирана од страна на нашиот промотор во Турција, Алев Сулејман.  По неколку месечни преговори денеска претставниците од компанијата донесоа одлука да инвестираат во Република Македонија" изјави Фида.

Претставници на компанијата изјавуваат дека една од причините зошто ја одбрале токму Македонија е нивната визија за развивање на компанијата во Европа.

- Како групација Менсан од Маниса, Република Турција произведуваме дискови за сопирачки и сме една од најголемите компании во Турција. Како групација продолжуваме со наше инвестирање во Турција и надвор, а денеска донесовме одлука да инвестираме во Македонија. Најголема причина за нашето инвестирање во Македонија е тоа што оваа земја е доста динамична. Посебно добрата намера на официјалните претставници на Македонија ни влијаеше врз нашата одлука за инвестирање во земјата. Нашата инвестиција ја гледаме како една врата за отварање кон Европа. Тука сметаме дека ќе го развиеме нашето производство на дискови за сопирачки со што ќе имаме поблизок пристап до европските земји" истакна претставникот од компанијата Менсан, Ѓудум.

26.12.2013 - 10:56
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега