Уапсен бегалец од затвор - го пронашле при контрола на автомобил во кој бил сопатник
Вчера околу 22.45 часот во близина на с.Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци.
При контрола на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа