ДУИ: Заробена држава - ги ослободија тие што на 27 април сакаа да спречат избор на Албанец за собраниски претседател

 

Демократската унија за интеграција остро го осудува систематскато заробување на институциите на правдата од оваа влада и конформизмот на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката - се вели во соопштението на ДУИ утрово

Овој загрижувачки тренд го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите кои треба да гарантираат правда за сите.

Вчерашната одлука на Обвинителството за ослободување на оние кои беа прогласени за виновни за обидот за државен удар на 27 април, со цел да се спречи изборот на првиот  претседател албанец  на Собранието, со јавно признание од самите обвинители дека таму постои селективна правда, под политички притисок, и сето тоа направено на празничен ден со надеж дека нема да биде забележано од меѓународната заедница, е јасен одраз на оваа заробување.

Исто така, му се обраќаме на премиерот Мицкоски: Што се случи со „плоштадот Тендербег,“ како што го нарекувавте плоштадот Скендербег, за кој некогаш го обвинувавте Изет Меџити?

Што се случи со истрагата за 30-те згради што беа изградени како „архитектонски Титаник,“ но кои беа антиидатирани, наводно изградени во 2011 година, кога беше во сила законот за легализација?

Овие згради не само што се симбол на урбанистичката злоупотреба, туку ја задушуваат животната средина на најгусто населената општина во Европа.

Премиере, каде се истрагите за министерот за „смртта,“ како што го нарекувавте Арбен Таравари, кој според вас добил подарок две куќи за да стане министер во нашата влада?

Или можеби вие сами доживувате „паничен напад, главоболка, “ како што тврдите за обвинителите, и поради тоа сте заборавиле да ги гоните  вашите актуелни министри? 

Вашите министри се претворија во вазали на вашите антидржавни политики, служејќи им на личните и политичките интереси наместо на граѓаните.

Наместо да го подобрите владеењето на правото, вие го претворивте во карикатура на правдата. За само шест месеци, успеавте да ги поткопате темелите на граѓанската доверба со воведување селективна правда која служи само на вашите политички интереси.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го осудува и да се бори против овој срамен обид зазаробуавње на државата и правдата.

Граѓаните на нашата земја заслужуваат вистинска, еднаква и независна правда, ослободена од политиката.- велат од ДУИ

25.12.2024 - 08:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега