Петрушевски: Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат
Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата. Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците, туку за џебот на поединци, изјави пратеникот, Бране Петрушевски.
„СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерираше од две причини: Прво, затоа што му се приклучи, и второ затоа што така се држеа на власт. Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да можат така да крадат и го држеа СДС на власт. Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија. СДС и денес продолжува да одработува за Груби, смислувајќи разни приказни. Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат“, рече Петрушевски.
Додаде дека наместо да се брукаат со пресконференции, СДСМ треба да излезат и да го повикаат да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа